#ХАЈТЕК

Гугл Мапс добива нови функции

Објавено на

Популарната апликација за снаоѓање во просторот, Гугл Мапс, добива неколку значајни новитети.

Една од најголемите иновации кои се воведени во Гугл Мапс е полесното препознавање на природните формации, на пример, планински врвови прекриени со лед, пустина, плажа и густи шуми.

Исто така, мапите на улиците ќе бидат подобрени и редизајнирани, па така пешачките премини, тротоарите и слично ќе бидат повидливи. Ова моментално е предвидено само за неколку градови (како Париз или Лондон), но во план е проширување на функцијата.

Кон крајот на оваа недела ажурираната Гугл Мапс апликација ќе им биде достапна на сите корисници, а во наредните неколку месеци и иновациите во врска со градовите ќе дојдат на ред.

Трендинг

Exit mobile version