Медиасет.мк

#ХАЈТЕК

Гугл Мапс ќе покажува каде има најмногу заразени со коронавирус

Гугл најави ажурирање на апликацијата Гугл Мапс, а иновацијата подразбира дека наскоро ќе можеме да видиме во која област на мапата има најмногу заразени со коронавирус.

Функцијата пристигна во Гугл Мапс уште денес, а наскоро би требало да биде достапна во 220 земји ширум светот. Податоците ќе бидат прикажувани како црвена точка, а колку е повеќе црвена точката, толку има повеќе заразени на 100.000 жители.

Негде податоците ќе бидат толку прецизни што ќе може да се види и колку заразени има во одреден дел од градот, но се зависи од тоа колку Гугл ќе успее да собере податоци за некоја територија, пренесе „Тек Радар“.

Станува зборм за истите податоци кои Гугл веќе ги користи кога прикажува важни информации за коронавиурсот.

 

На почеток
error: