Компанијата Гугл претстави нова бета-функција наречена Personal Intelligence во рамки на својата Gemini AI апликација, чија цел е да овозможи значителна поперсонализирана помош за корисниците.Новата функција им дозволува на корисниците, со сопствена согласност, да поврзат одбрани Гугл сервиси како Gmail, Google Photos, Search и YouTube, со што Gemini може да користи личен контекст за да дава попрецизни и порелевантни одговори.Со Personal Intelligence, Gemini повеќе не се потпира само на општи информации, туку може да „разбира“ претходни активности, пораки, пребарувања или фотографии и врз основа на тоа да предлага поконкретни решенија. На пример, асистентот може да комбинира податоци од различни сервиси за да одговори на прашања поврзани со минати планови или активности.Од Гугл нагласуваат дека корисниците имаат целосна контрола – функцијата е исклучена по дифолт, а секој сам одлучува кои апликации ќе ги поврзе. Компанијата уверува дека приватноста е клучен приоритет и дека се користат само податоците за кои корисникот дал дозвола.Во моментов, Personal Intelligence е достапен во бета-верзија во САД, првенствено за претплатниците на Google AI Pro и AI Ultra, со најави дека во наредните месеци ќе се прошири и во други земји и за бесплатни корисници.Овој чекор се смета за директен одговор на конкурентските AI решенија, при што Google ја користи предноста на својот силно поврзан дигитален екосистем.
