Медиасет.мк

#ФОКУС

Хакери ги нападнаa компаниите кои прават вакцина против коронавирус

Министерството за правда на САД поднесе обвиненија против двајца кинески хакери кои, како што тврдат, ги нападнале компаниите кои развиваат вакцина против коронавирус. Тие се обвинети за кражба на стотици милиони долари интелектуална сопственост и трговски тајни од компании ширум светот.

Министерството исто така тврди дека хакерите соработувале со кинеската влада. Според федералните обвинители, тие ги украле информациите не само за лична корист, туку и затоа што знаеле дека ќе бидат интересни и вредни за кинеската влада, пренесува АП.

Во обвинението не се наведува дека тие успеале да соберат резултати од истражувањето на коронавирусот, но се укажува на количината на научни иновации кои биле цел на странските влади и хакери кои се обидуваат да откријат на што работат американските компании за време на пандемијата.

Двајцата обвинети не се во притвор, а федералните власти велат дека тие веројатно нема ни да влезат во американска судница.

Сепак, обвинението има важна симболичка вредност за Министерството за правда, кое смета дека јавното гонење е покорисно отколку да се чека неверојатно сценарио според кое обвинетиот би патувал во САД и со тоа би ризикувал да биде уапсен.

Се верува дека ова се први обвиненија против странски хакери за обид да украдат научни откритија поврзани со коронавирусот, иако американски и други западни разузнавачки агенции со месеци предупредуваат за такви напори.

Властите во САД, Канада и Велика Британија минатата недела обвинија група хакери поврзани со руските разузнавачки служби за напади врз организации и компании вклучени во истражување на коронирусот.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: