#ДОСИЕ

Херојска приказна: Остварена е желбата на скромната баба Марица, која се грижи за неподвиженот сопруг, за својот син и внуци

Објавено на

Водоводџијата Тале Доневски, заедно со Филип Мирчевски кој помогнал со плочките и Кристина Петровски-Арнаудова која донирала материјали, Моника Чекаловиќ и ја оствари најголемата желба на баба Марица. Таа замолила да и се направи тоалетот, а овие храбри момци и девојки успеале да стигнат до целта, за баба Марица да не ги бања нејзините внучиња во дневната соба.

„Оваа прекрасна бабичка е Баба Марица. Баба Марица е синоним за храброст! Таа се грижи за своите внучиња кои мајката ги напушта многу мали. Девојчето има попреченост, но баба Марица никогаш не се откажа од неа. Секојдневно ја носи во посебно училиште за деца со попреченост кое е одалечено 14 км од селото каде што живеат..Менува 4 автобуси секојдневно. А во меѓувреме се грижи за својот неподвижен сопруг, за својот син и внуци, за домаќинството, за тоа да не ја изгубат надежта! Баба Марица е скромна жена, со нелагодност ја прифаќа нашата помош. Овој пат не замоли ако можеме да и го направиме тоалетот, за да не ги бања дечињата во корито во дневната соба и да не излегуваат во полското вц навечер. Ни требаат материјали, синот сам ќе се погрижи да го уреди! (плочки, лепак, лавабо, туш кабина,вц школка, цевки)
Баба Марица. Мајка, жена, баба, кралица“, пишуваше во објавата на „Фејсбук“ преку која се побара помош.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version