#ФОКУС
Хуманоста нема граници: Славица и Мирјана донирале крвна плазма за да спасат лица заболени со коронавирус
Министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи објави фотографии од Славица и Мирјана кои биле позитивни на коронавирусот и им се заблагодари што даруваа крвна плазма која се користи како лек за пациентите кои се заболени.
„Славица и Мирјана се двете ќерки на најстарата излечена пациентка од КОВИД-19, кои исто така беа позитивни и оздравеа од овој вирус. Тие минатата недела даруваа конвалесцентна плазма која ќе се користи како лек и надеж за потешките пациенти заболени од коронавирусот. Од сè срце им се заблагодарувам за хуманоста.
Упатувам апел до сите оние лица кои се излечени од КОВИД-19 да се пријават за дарување на конвалесцентна плазма. Да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите заболени од КОВИД-19 побрзо да оздрават“, напиша Филипче.