#ТРЕНД
(ФОТО) И на 62 години изгледа неверојатно – Шерон Стоун го покажа своето совршено тело
Глумицата Шерон Стоун покажа дека знае да биде секси и на 62. години и дека за неа годините се само бројка и ништо повеќе. Поминаа 28. години откако ги прекрсти нозете во еротскиот трилер „Ниски страсти“, за што ја понесе и титулата за една од најголемите заводнички.
Таа вели дека нема намера лесно да се одрече од ова титула, а благодарение на добрите гени, сè уште е кралица на беспрекорниот изглед.
Во деколтирано црно боди, со раскопчана кошула и златни штикли, Шерон на своите пријатели на „Инстаграм“ им покажа дека сè уште нема намера да се пензионира.
„Не само што сум запрепастена, туку и благодарна што сè уште се занимавам со моделство, дури и на 62. години“, напиша Шерон под фотографијата и им се заблагодари на сите кои сите овие години верувале во неа и ја ангажирале.
Фотографијата на која Шерон позира, потпрена на софа, покрај портретот на Мерлин Монро, предизвика големо внимание на „Инстаграм“. Меѓу првите од познатите се јави Шерон Озборн, која јасно и даде до знаење дека со оваа фотографија, глумицата ја подигнала температурата.
„Годините се само бројка. 30 годишни девојки не ти се ни до колена. Нема шанси да имаш 62. години. Сè уште си ултимативна кралица. Ти си легенда. Божица“, биле само некои од коментарите кои ѝ ги упатиле фановите.