Connect with us

Hi, what are you looking for?

КИНО

Џилијан Андерсон во улогата на Маргарет Тачер

Во 90-тите години, Џилијан Андерсон се прослави со улогата на специјалната ФБИ-агентка Дејна Скали во серијата „Досие Икс“… Потоа, поради црвенокосата хероина, таа беше прогласена и за една од најсексапилните жени во светот.

Така, сега Андерсон, која на почетокот од шестата деценија од животот изгледа исто толку одлично, ќе ја глуми „железната дама“ на Велика Британија – Маргарет Тачер, во најмалку шест епизоди од ТВ-серијата „Круна“ (The Crown). Првата од нив беше прикажана вчера.

Носењето „специјална перика, болни чевли и непријатни најлон-хулахопки“, како што вели глумицата, се чини, ја направи прилично успешна копија на предводничката на „ториевците“, во четвртата сезона од серијата.

– Ги надминав предрасудите за Маргарет Тачер. Го гледав секое видео што требаше да го погледнам за неа. Го погледнав нејзиното однесување, верувањата, убедувањата, како оди, зборува и се движи. Сево ова дефинитивно ми помогна. Но, никогаш во животот не би носела чевли какви што таа носела, ниту пак непријатни најлон-чорапи. Но, без нив, јас не би го совладала одењето. Косата и шминката навистина траеја долго – скоро час и половина, раскажува Џилијан.

Advertisement. Scroll to continue reading.

Сепак, на крајот таа го оцени своето отелотворување на ликот на Тачер како вистинско задоволство.

Маргарет Тачер, претходно ја толкуваа Мерил Стрип, Андреја Рајсборо и Линдзи Данкан.

error: