#ХАЈТЕК

Иновација: Паметни тапети го засилуваат Wi-Fi сигналот и до десет пати

Објавено на

Истражувачи од престижниот американски Институт за технологија, поточно од лабораторијата за компјутерски науки и вештачка интелигенција, успеаја да создадат паметна површина што може да го подобри постојниот безжичен сигнал во одредени простории за десет пати. Нивниот изум, видлив на фотографијата како зелен „тапет“, се состои од над 3.000 мали антени и софтвер што управува со нив.

„Ар-Фокус“, како што се нарекува овој производ, всушност функционира како паметна површина што може да се приспособува според потребите, односно да се насочува безжичниот сигнал онаму каде што е потребен.

Оваа паметна површина може да дејствува како огледало за сигналот или, пак, како леќа што го фокусира. На крајот, пониското ниво на сигналот може да се насочи кон уредите на кои им е потребна безжична врска, и така ефективно да се добие и до 10 пати посилен сигнал и до 2 пати поголема ширина на опсегот на одреден канал.

Оваа површина не го емитува сопствениот сигнал и не е класичен засилувач, туку само пренасочувач на безжичниот сигнал. Како таква, евтина е за изработка и троши помалку електрична енергија од класичните засилувачи.

Изумот може да се применува во големите магацини или погони што треба да бидат покриени со сигнал за контрола на разни машини, сензори или инвентар. „Ар-Фокус“ може да се произведе во форма на тенки тапети, па може да се примени во различни ситуации.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version