#ХАЈТЕК

Instagram и Messenger со нови функции: Ќе знаете кога некој ве озборува

Објавено на

Месинџер и Инстаграм добија нова возбудлива опција – пораки што исчезнуваат.
Ова е режим за пораки наречен „Режим на исчезнување“ може да го вклучите или исклучите во поставките на која било порака.

Овој режим може да се активира само ако двете страни се согласат – затоа, ќе биде потребно одобрување од сите вклучени во разговорот. Покрај тоа, ќе добиете известување ако вашиот соговорник ја сними преписката на екранот, што веројатно значи дека тој го испраќа на некој друг.

За почеток, режимот Vanish ќе биде достапен во САД, а по некое време и во остатокот од светот.

Vanish Mode се претпоставува дека е обид на Фејсбук да привлече помлада публика. Имено, младите се повеќе се префрлаат на социјалните мрежи кои нудат можност за исчезнување на пораки и објави, со цел да бидат сигурни дека нешто од минатото нема еден ден да ги чини скапо, пренесува The Verge.

ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА НАШИОТ NEWSLETTER

Е-маил

Трендинг

Exit mobile version