Медиасет.мк

#ХАЈТЕК

iPhone X преживеал пад од над 3000 метри

Според пилотот на Diamond Aviators, телефонот iPhone X преживеал пад од над 3000 метри во воздух.
Пилотот летал со својот авион Diamond DA40 од Колорадо Спрингс кон Атланта, кога сакал да направи фотографија на облаци, користејќи го неговиот iPhone X.

Авионот имал мали странични прозорци што можеле да се отворат при летот. Патувајќи со брзина од 282 километри на час, на висина од над 3000 метри, мал воздушен џеб на турбуленции му ја приближил раката премногу блиску до прозорецот на совозачот и телефонот бил вшмукан надвор од авионот.

По слетувањето во Атланта, пилотот користел резервен iPhone 6S за да го следи iPhone X (користејќи ја апликацијата Find My), кој некако го преживеал падот и ја пренесувал својата локација преку базната станица во Блајт, Арканзас. Потоа се обидел да го пронајде уредот во посеви од соја, и по долго пребарување, го открил телефонот, сè уште во неговата футрола.

Уредот бил во речиси перфектна состојба и покрај собраната прашина при падот. Кога го поврзал на напојување и го наполнил повторно, телефонот работел без проблеми, вклучително и во наредните денови. Самиот факт на неоштетеност бил изненадување за пилотот, со оглед на тоа што iPhone X има стакло напред и назад и се верува дека достигнал терминална брзина од над 320 километри на час, пред да удри во земјата.

Apple ја зајакна издржливоста на iPhone телефоните уште повеќе, со моделите кои излегоа после iPhone X од 2017 година, а на последниот модел iPhone 12 додаде и Ceramic Shield стакло за подобра отпорност на кршење.

Трендинг

На почеток
error: