Филмот Исцелител на режисерот Ѓорче Ставрески, во недела на 24 мај во 21:30 часот ќе се прикажува премиерно на МРТ.
Исцелител освои бројни интернационални признанија, беше првиот македонски филм прикажан на престижната онлајн платформа „HBO GO“ и доби блескави критики од врвните светски списанија „Variety“ и „Hollywood Reporter“.
Во „Исцелител“, приказна за синот кој нема пари да му купи лекови за рак на болниот татко па почнува да го лечи со алтернативна медицина, играат Благој Веселинов и Анастас Тановски, камерата е на Дејан Димески.