Медиасет.мк

#ФОКУС

ВИДЕО: Наместо молитва, од џамиите ечи „Бела чао“

Турските власти отворија истрага откако се констатирало дека во Измир е хакиран системот за повикување на молитва, па од минарињата на неколку џамии била пуштена  италијанската антифашистичка песна.

Наместо повикот за молитва, кој се емитува пет пати во денот, од џамиите ечела „Bella ciao“, а снимката е објавена и на социјалните мрежи.

Обвинителството во Измир отворило истрага за инцидентот која ќе ги опфати корисниците на социјалните мрежи кои се осомничени за „негирање на верските вредности“, информира агенцијата Анадолија. Портаролот на владеачката партија Омер Челик на твитер „остро го осудил“ инцидентот и навел дека сторителите ќе бидат откриени.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: