Медиасет.мк

#ОХРИД

Изградбата на новата трибина на градскиот стадион „Билјанини извори“ во Охрид во завршна фаза


Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиевски, во присуство на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, направија увид на новата трибина на градскиот стадион „Билјанини извори“ во Охрид.

„Новата трибина на градскиот стадион „Билјанини извори“ е од големо значење за подобрување на условите за фудбалот во Охрид.
Очекувам дека ваквите подобрени услови на стадионот, ќе биде дополнителен поттик за достигнување на нови спортски успеси и се надевам дека во иднина Охрид ќе има свој клуб во првата фудбалска лига.
Локалната самоуправа постојано инвестира во развојот на спортот, а оваа година за поддршка на спортските клубови и школи од општинскиот буџет се издвоени околу 27.500.000 денари.
И во иднина ќе ја дадеме нашата несебична поддршка за развој на сите спортови.„ – објави градоначалникот Георгиевски во својот статус на Фејсбук.

Изградбата на трибината започна пред околу 17 месеци и до сега се финализирани сите поголеми градежни активности на надворешниот дел, поставена е покривната конструкција и поставени се седишта. Во моментот се изведуваат работни активности за уредување на внатрешни простории, кои се предвидени за вакви современи спортски објекти. Вредноста на вкупната инвестиција е 1 милион евра.

Новата трибина на стадионот „Билјанини Извори“ има капацитет од 1480 седишта. Во нејзиниот централен дел се сместени вип седишта, коментаторска кабина и простор за медиумски екипи. Согласно проектот, во внатрешноста се уредуваат соблекувални, тоалети и други потребни простории.

Со цел да се подобрат условите на градскиот стадион, деновиве се изведува реконструкција и санација на главниот терен за фудбал, а со помош на ФФМ деновиве беа поставени и нови стативи.

На почеток
error: