Медиасет.мк

#ОХРИД

Општина Охрид: Ново детско игралиште во ООУ „Григор Прличев“


Започната е изградба на ново детско игралиште во дворот на OОУ „Григор Прличев“ во Охрид. На локацијата веќе се поставени најсовремени реквизити за забава и се врши поплочување на подлогата со бехатон плочки. На игралиштето ќе биде поставена и специјална гумирана подлога, која е во согласност со стандардите за безбедност.

Според планираното, откако ќе завршат активностите за уредување на ова игралиште, ќе започне изградбата на ново детско игралиште во населбата „Радојца Новичиќ“ во непосредна близина на новиот терен за баскет.

Претходно, ново детско игралиште беше изградено на пешачката патека кон „Горица“. Средствата за изградба на трите игралишта се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид во вкупен износ од 3.446.113 денари.

Трендинг

На почеток
error: