Општата Болница „Борка Талески“ во Прилеп на социјалните мрежи објави фотографија со која информираа дека 85 годишната Елена Макалоска е најстариот пациент кој е излекуван од коронавирусот.
„Денес имаме и причина за славење.Најстариот излекуван пациент од Covid 19 во нашето инфективно одделение. 85 годишната Елена Макалоска пресреќна посака да се фотографира со дел од нашиот персонал“, напишаа од болницата.
