Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

Следете го во живо астероидот кој денеска треба да помине покрај Земјата

Астероид со големина од два километри денеска треба да помине покрај Земјата во 23:56 часот.

– Го набљудувавме астероидот 1998 OR2, кој изгледа како да носи маска. Ќе помине на оддалеченост 16 пати поголема од оддалеченоста на Месечината од Земјата – порача тимот преку социјалните мрежи.

Астероидот ќе помине покрај Земјата со брзина од 31.282 километри на час, но нема да биде видлив со голо око.

Овој астероид го открила NASA во 1998-та година, која што тогаш соопштила дека е доволно голем што може да предизвика глобални ефекти доколку ја погоди Земјата, но сегашните набљудувања покажуваат дека веројатноста да се случи тоа е многу мала.

Астрономите велат дека астероидот е доволно голем што може да претставува закана по целиот човечки род, но исто така тие нагласуваат дека нема простор за паника затоа што покрај Земјата истиот ќе помине на голема оддалеченост.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: