Медиасет.мк

#ФАЦИ

Каква песна ќе испратиме на Евровизија?

Нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев ќе не претстави со песната ,,You”, авторско дело на Невенка Нешкоска, која што ја напиша музиката, а текстот е изработен заедно со нејзината сестра Калина и Алис Шредер. Откако биле преслушани сите песни кои што пристигнале по јавниот повик, Македонската Радио Телевизија заедно со Васил се одлучиле за нумерата на Нешкоска.

Инаку, авторката е позната во јавноста и по музичкиот цртан филм Дарко Биберко. По потекло е од Охрид, а долги години живее и твори во Чикаго, САД. ,,You” ќе биде промовирана пред јавноста откако ќе се заврши со продукциското оформување, а ќе следи и видео запис за истата.

Во разговор за ,,Фокус” Гарванлиев не открива многу детали околу тоа која е пораката која ја носи нумерата, дали станува збор за балада или пак песна со брз ритам. Вели дека е многу среќен што конечно е избрана песната помеѓу многубројните композиции кои пристигнале во Националниот сервис МРТ.

Останатиот дел од текстот, прочитајте го на линкот погоре.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: