Медиасет.мк

#ТРЕНД

Канје и одговори на Џенифер Анистон, која повика никој да не гласа за него

Канје Вест се огласи на Твитер откако Џенифер Анистон неодамна им порача на своите следбеници да не гласаат за него.

На почетокот на овој месец, 43-годишниот музичар ги замоли фановите да го напишат неговото име на гласачките ливчиња на претседателските избори 2020 година, но Анистон го поддржа Џо Бајден и ги повика луѓето да го игнорираат предлогот на раперот.

“Се работи за иднината на оваа земја и на светот. Гласајте за еднакви човекови права, за љубов и пристојност. П.С. Не е смешно да гласате за Канје. Не знам како поинаку да го кажам тоа. Ве молам, бидете одговорни”, рече тогаш 51-годишната актерка.

Вест, инаку сопруг на Ким Кардашијан, сега објави снимка од статијата со наслов дека Џенифер Анистон го поддржува Бајден и им порачува на обожавателите дека не е смешно да гласаат за Канје. “Леле, ова интервју со Роган ги потресе. Ајмуооо”, напиша тој во твитот кој оттогаш исчезна од Твитер, пренесува Page Six.

Вест се осврна на неодамнешното гостување на популарниот подкаст на Џо Роган, The Joe Rogan Experience, каде зборувал на повеќе теми, од неговата претседателска кандидатура до менталното здравје и коронавирусот што го надминал.

Трендинг

На почеток
error: