Медиасет.мк

#ФАЦИ

Весна Петрушевска пресреќна што се враќа на сцената: Да се вратиме во театар и да си ја ослободиме душата и мислата

Македонска актерка Весна Петрушевска со фановите на Инстаграм ја сподели својата неизмерна радост откако дознала дека повторно се враќа на театарската сцена.

„Сега само што ми јавија дека на 18 ноември ќе ја играм „Влези не се соблакај“ на голема сцена МНТ. Ова беше најгледаниот стенд ап во 2019-та, после дојде март и се запустевме. Ќе има протоколи и за седење, ќе има и за смеење и плачење. Нема бацување и гушкање. Да се вратиме во театар и да си ја ослободиме душата и мислата. Заборавивме да се смееме. Едвај чекам да ве видам.“, напиша Весна.

Трендинг

На почеток
error: