Медиасет.мк

#ТРЕНД

Карлеуша ја нападна Анастасија Ражнатовиќ: Ти не си ниту во рангот со јутјуберите

Пред неколку дена српската пејачка Цеца Ражнатовиќ, заедно српскиот политичар Чеда Јовановиќ гостуваше во емисијата „Хит твит“ на „Тв Пинк“. Емисијата беше исполнета со вербални провокации и расправии меѓу Цеца и Јовановиќ.

По емисијата Анастасија Ражнатовиќ се огласи на својот профил на Инстаграм.

„Замислете, имате четири години и четири пушки ви ги вперуваат во глава додека отварате очи наутро. Ќе ги замолам квази политичарите да не се изјаснуваат дека нивните деца патат поради некакви насловни страници, бидејќи јас како некој што имал четири години, не успеав да стигнам да видам било какви наслови, туку само четири пушки вперени во мојата слепочница и мислам дека тоа беше доволно за да бидам истраумирана.

Мислам дека вашите деца сосема добро поминаа. А, нашите последици и голгота која ја поминавме, тоа не е важно? Тоа што не се правевме жртви и да се вадиме на големото насилство кое го доживеавме на четири и шест години, не значи дена не се случило. Тие солзи кои сега ги пуштате, ние некогаш ги пуштавме во морињата. Срам да ви е“, напиша Анастасија.

По објавата на Анастасија, Јелена Карлеуша напиша дека Цеца треба да им објасни на своите деца „зошто треба секогаш да молчат“.

„Се додека осудени криминалци во оваа земја си даваат за право полицијата која ги апси поради кривични дела да го нарекуваат „срам и малтретирање“, оваа земја ќе биде шега. Гледам дека Цеца баш убаво ја научила својата ќерка да лаже и да зборува како полицијата и држела четири пушки вперени во глава кога имала четрии години? – Багро, полиција не нишани во деца, но затоа тато Аркан нишанел и старо и младо. Како ќерка на полицаец кој ја апсеше Цеца Ражнатовиќ поради најтежок злочин, застанувам во одбрана на полицијата. Олошот постојано се буни зошто е олош“, напиша Јелена.

По ова веднаш се огласи и Анастасија.

„А ти, будало контрадикторна не си порасната за да ја коментираш оваа тема. Секако веќе си неважна и твојот збор не е вреден ниту еден динар. Последен пат ќе ти се обратам, за да не мислиш дека си важна. Те молам немој да продаваш морал, не глуми и не почнувај теми за кои тебе никој не те прашува. Го гледам овој твој перформанс „Среќен роденден“ кој го сними за твојот љубовник и можам да ти кажам дека тоа е нешто најдобро што си го испеала. Ако можеш стави го на Јутјуб, ќе имаш милион прегледи за 24 часа. Ти гарантирам. Можеби ќе бидеш пред мене на трендинг“, напиша Анастасија.

Следеше и одговор на Јелена.

„Гледам дека ќерката на воениот злосторник повторно ми се обраќа. Еве, последен пат ќе се занимавам со неважни ликови како што е она, па да и одговорам: Убаво е што јавно признаваш дека постојано ја гледаш мојата пи***, јасно е дека и мојата пи*** пее подобро од тебе, да е поубава и дека има повеќе харизма и талент. За трендингот на кој на Балканот сум неприкосновена, бидејќи сум број 1 со недели. Ти не си ниту во рангот со јутјуберите“, и врати Јелена.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: