Медиасет.мк

#ТРЕНД

Брајан Адамс на Твитер: Поради луѓе кои јадат лилјаци, светот е стопиран

Музичарот Брајан Адамс е прогласен за расист бидејќи на „Твитер“ ги обвини алчните гадови од мокрите пазари што јадат лилјаци за ширење на коронавирусот.

„Вечерва требаше да почне серијата свирки на @royalalberthall , но поради некои е**ни луѓе кои јадат лилјаци, продаваат животни на пазари за сирово месо и алчни копилиња што создаваат вируси, светот е стопиран. Да не говорам за илјадниците луѓе кои страдаат или веќе починаа. Мојата порака до сите нив, освен ’Фала многу, е дека ќе станам веган“, објави пејачот на Твитер.

Канадскиот музичар кога ги видел коментарите, го избришал спорниот твит. Истата порака ја ставил и на „Инстаграм“.

Причината за неговиот гнев е фактот дека тој требаше да ја продолжи турнејата, но поради сегашните околности, не можеше.

 

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: