#ФАЦИ
Каролина Гочева ужива покрај Охридското езеро како во старите времиња
Поп-ѕвездата Каролина Гочева претходните години споделуваше фотки од Миконос, Италија, САД, а сега ужива покрај Охридското Езеро.
Каролина на социјалните мрежи сподели фотографија од манастирот “Св. Наум“, каде е веќе неколку дена. На времето, кога ја почнуваше својата кариера и кога се уште живееше во Битола, Каролина често можеше да се види на летување со друштво во Охрид.
Заради короната, речиси сите, наместо на море во Грција, Хрватска и другите дестинации, за сега одат во Охрид. Ова потсетува како на почетокот на деведесеттите, кога заради распадот на Југославија, Охридско Езеро беше главно свртилиште за одмор, па немаше некој, а да не е тука. „Охридска шема како во старите времиња“, е муабет кој често може да се слушне од оние генерации кои се сеќаваат на тоа време.