Медиасет.мк

Медиасет

Кејт Мидлтон повторно во центарот на скандалот? Кошулата на принцот Луи предизвикува нови теории на заговор

Токму кога згаснаа сите шпекулации и теории на заговор поврзани со кралското семејство и Кејт Мидлтон, пристигнаа нови.

Откако принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, ненадејно исчезна од јавниот живот и започна вистинска лавина од теории на заговор, се појави скандал со фотошопирана фотографија, за на крајот Кејт сепак да му се обрати на светот и да ја објави својата дијагноза.

Ова привремено ги смири вознемирените Британци и се чинеше дека теориите на заговор се зад нас.

Сепак, последната во низата објави на официјалниот профил на принцот и принцезата од Велс, повторно предизвика сомнеж. Станува збор за фотографија на принцот Луис, направена за неговиот шести роденден, а Кејт е наведена како автор.

На фотографијата принцот позира во карирана кошула, која ги привлече сите погледи. Имено, тој ја имаше истата кошула на контроверзната објава за Денот на мајката кога настана голем скандал и којa беше повлеченa од неколку новински агенции. На принцот исто така му недостасува истиот заб на оваа фотографија како на објавата во март, што поттикна многумина да помислат дека повторно станува збор за вештачка интелигенција.

Можеби ова не значи ништо и можеби е само случајност, но оние кои следат теории на заговор не се толку убедени во безопасноста.

Инаку, сите детски модели на оваа кошула се распродадоа откако ja облече принцот Луис.

Трендинг

На почеток
error: