Принцезата Кејт Мидлтон наводно била видена надвор од Виндзор со Вилијам.
Како што пишуваат британските медиуми, Кејт Мидлтон отишла во продавница во друштво на принцот Вилијам.
Наводно, изгледала среќно, здраво и опуштено.
„По сите гласини што се вртеа наоколу, бев изненаден што ги видов таму. Кејт беше во шопинг со Вилијам и изгледаа среќни и изгледаше добро“, изјавила личност која ги видела, според The Sun.
За овој настан нема фотографии, поради приватноста на принцезата од Велс, но оваа вест секако е охрабрување за британската јавност, која со денови се интересира за состојбата на идната кралица.