#ЖИВОТ
Кога оралниот секс е опасност наместо задоволство?
Оралниот секс може да придонесе за зголемување на блискоста и интимноста меѓу партнерите, но, со себе носи и ризици по здравјето.
Може да добиете рак на грло од орален секс, велат докторите од Американското друштво за борба против рак. Не од оралниот секс сам посебе, туку од Хуман папилома вирусот (ХПВ) што се пренесува преку сексуален однос, вклучувајќи го оралниот секс.
Истражувањата покажаа дека некои видови рак на грлото и непцата може да бидат предизвикани од одредени типови на ХПВ. ХПВ е чест вирус, но не сите типови на овој вирус предизвикуваат рак. Ако не сте изложени на ХПВ за време на оралниот секс, не сте изложени ни на зголемен ризик од рак на грло.
Сепак, имајте предвид дека носители на инфекцијата може да бидат и мажи и жени, а вирусот може да помине незабележано, без физички воочливи симптоми.
Оралниот секс, рековме, може да ги зацврсти блискоста и интимноста меѓу партнерите, но ако едниот од партнерите не ужива во тоа, секој обид за наметнување на овој вид на интимност може да се доживее како притисок и да ја загрози врската.
Разговорот во ваков случај може да помогне. Ако сте загрижени за хигиената, мирисот, вкусот или што било друго во врска со оралниот секс, отворениот разговор е најдобро решение. Исто така, ако не сте сигурни што треба да правите, разговарајте, опуштете се и едноставно, пробајте.
Ако оралниот секс дефинитивно не ве привлекува, никому ништо, ако партнерот навистина ве сака и сака да биде со вас, тоа не би требало да претставува проблем. Најважно е, за ова, како и за сите други теми што ве засегаат во врската, отворено да разговарате.
Оралниот секс е чест избор за интимен однос кај тинејџерите, сметајќи дека на тој начин се заштитени од непланирана безбедност и тоа не го сметаат за „вистински секс“.
Не заборавајте дека оралниот секс не значи гарантирано безбеден секс. Иако ја нема опасноста од непланирана бременост, сепак постои висок ризик од заболување со сексуално преносливи болести, покрај ХПВ, како сифилис, гонореја, хепатит и други. Ако сте дијагностицирани со некоја од овие болести треба да го известите вашиот партнер пред да се впуштите во какви било сексуални односи, во врска или не.
Исто така, информирајте се за симптомите за сексуално преносливите болести и ако имате каков било сомнеж, подобро немојте да почнувате сексуална врска со таа личност.