Од почетокот на следниот месец се најавува целосно враќање на административните работници на своите работни места, а работодавачите и работниците од сите индустриски гранки во земјата и светот постојано се во потрага по одговорот на прашањето како правилно да го организираат работниот процес со цел ефикасно реализирање на работните задачи, но истовремено и зачувување на здравјето на секој работник, односно намалување на опасноста од ширење на коронавирусот, објави skopjeinfo.mk.
Со цел да се даде одговор на прашањата кои работни места се со висок, а кои со среден или низок ризик, а во рамки на националната методологија која се базира на утврдување на ковид-возраст, во јавна употреба е пуштен ковид-калкулаторот, кој е достапен ОВДЕ.