Медиасет.мк

Медиасет

Кралското семејство ја отвора и Бакингемската палата за посетители

Откако кралското семејство одлучи да ги отвори вратите на замокот Балморал, за посетителите ќе биде достапна уште една палата.

Бакингемската палата во Лондон за прв пат во историјата ќе биде отворена за туристи. Ова беше објавено само еден ден откако Балморал беше отворен за посетители и во време кога одамна е достигната границата за дневни билети за замокот во Шкотска.

Оние кои го пропуштија Балморал ќе можат да ја посетат Бакингемската палата за 75 фунти, пишува Дејли мејл.

Посетителите ќе можат да ја обиколат источната страна на палатата, која била изградена помеѓу 1847 и 1849 година за време на владеењето на кралицата Викторија.

Билетите се пуштени во продажба од 9 април, бројот е ограничен, а посетителите ќе можат да ги користат од 15 јули до 31 август. Во ова време, Балморал ќе биде отворен од 1 јули до 4 август.

Трендинг

На почеток
error: