Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Ѓоковиќ тренираше со син на познат тенисер, ја повтори сцената од Индијан Велс

Новак Ѓоковиќ напорно се подготвува за Мастерсот во Монте Карло и сега се појави на тренингот со синот на тениска легенда – Себастијан Корда.

Таткото на Себастијан е Петр Корда, тенисер кој го освои Австралија опен во 1998 година.

Корда и Новак тренираа заедно во Индијан Велс, каде Србинот претрпе тежок пораз од Лука Нарди во третото коло.

Ќе видиме дали Корда ќе му донесе среќа на Новак, кој двапати го освои турнирот во Монте Карло.

Во претходните години Србинот не блескаше во Кнежеството, бидејќи беше елиминиран во третото, второто и третото коло во периодот од 2021-2023 година.

Мастерсот ќе започне оваа недела (7-13 април), а Србинот ќе биде слободен во првото коло како прв носител.

Трендинг

На почеток
error: