Медиасет.мк

#ТРЕНД

Кристијан Бејл би го глумел Бетмен, но под еден услов


Кристијан Бејл изјавил дека би се согласил повторно да го глуми Бетмен, но само доколку Кристофер Нолан повторно седне на режисерското столче.

Актерот кој го играше легендарниот суперхерој во трилогијата „Мрачниот витез“, изјави за Variety дека и покрај одредени гласини, никој не побарал од него да се врати во таа улога.

Меѓутоа, доколку Нолан побара од него уште еднаш да стане Бетмен, Бејл тврди дека веднаш би го прифатил неговиот предлог.

„Имав пакт со Крис Нолан. Рековме: „Ајде да снимиме три филма, ако имаме доволно среќа да го направиме тоа. А потоа да одиме, да не се задржуваме долго.“ Кога Крис би ми рекол дека има да раскаже уште една приказна, и дека сака да ја раскаже со мене, јас би се согласил“, истакнува актерот.

Бејл и Нолан работеа заедно на филмовите „Batman Begins“, „The Dark Knight“ и „The Dark Knight Rises“. Последните два заработиле преку милијарда долари по филм, пренесува „Дејли мејл“.

Кристијан моментално го гледаме во филмот „Thor: Love and Thunder“ каде игра улога во која уште еднаш ја покажа својата неверојатна моќ на трансформација.

Трендинг

На почеток
error: