Медиасет.мк

#ТРЕНД

(ВИДЕО) Дали е ова најиздржливиот телефон


На тестот за издржливост на популарниот јутубер, се најде телефонот ZTE Axon 40 Ultra.

Популарниот YouTuber Zak, од каналот JerryRigEverything, имаше тестиран нов телефон – ZTE Axon 40 Ultra. Уредот бил подложен на вообичаени маки: гребење и палење на екранот, гребење на грбот и на крај свиткување на телефонот.

Екранот на телефонот ZTE Axon 40 Ultra е изгребан од шестото ниво на скалата Мос, со подлабоки засеци од седмото ниво. Она што е импресивно, телефонот нема отвори или засеци на екранот.

Селфи камерата е скриена под дисплејот, што на екранот му дава одличен изглед и континуитет. За жал, квалитетот на селфи фотографиите не е задоволителен, но се очекува оваа технологија да напредува во наредните години.

Задниот дел на телефонот е многу интересен. Има стакло со текстура, со уникатен изглед, кое не се гребе така лесно.

Најинтересен е секако тестот за свиткување. ZTE Axon 40 Ultra се покажа како уште еден солиден телефон кој е издржлив, има интересен дизајн и солидни спецификации.

Трендинг

На почеток
error: