Медиасет.мк

#ФОКУС

Куче-робот ги предупредувa жителите на Сингапур на физичкото растојание

Куче-робот, произведено од компанијата „Бостон дајнамикс“, ги потсетува жителите на Сингапур на задолжителното физичко дистанцирање. Тестирањето на роботот ќе трае две седмици.

– Да го одржиме Сингапур здрав! Поради ваша безбедност и безбедноста на оние во вашето опкружување, ве молиме бидете на меѓусебно растојание од најмалку еден метар, со женски глас, на англиски јазик предупредува ова жолто-црно куче-робот. Освен тоа, роботот е во можност со помош на камери и аналитички алатки да го проценува бројот на посетители во паркот, каде што беше тестиран денеска, да ги предупредува посетителите да не се задржуваат кај акумулациското езеро и дека собири не се дозволени.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: