Connect with us

Hi, what are you looking for?

АНИМАВЕТ

Кучка посвои две напуштени лавчиња

Во паркот на природата „Бел лав“ во Владивосток, Русија, женка германски овчар одгледува две лавчиња, коишто биле напуштени од нивната мајка. Тоа го објави и самиот парк на својот Инстаграм-профил.

Како што се вели во соопштението, „апсолутно е уникатно што новата мајка – кучката Сандра ги посвои малечките“. Младенчињата сега се стари два месеца, и се во добра здравствена состојба.

Лавицата Сирона ги роди лавчињата – едно машко и едно женско во септември, а потоа ги напушти. Осумгодишната Сандра има и свое кутре. Лавчињата се крстени Сандра и Вектор.

Advertisement. Scroll to continue reading.
error: