#КОРОНАВИРУС
Мајка си го напуштила бебето во болница, зашто имало корона
Мајката која ја однела својата ќеркичка во болница, откако бебето се разболело со ковид-19 го напуштила бебето, соопштија италијанските лекари.
Кога минатата недела жената и бебето пристигнале во болницата во Палермо, биле тестирани за коронавирус и двете биле позитивни. Но, додека бебето се лекувало во градската болница Ди Кристина, мајката избегала и го напуштила бебето.
Полицијата трага по неа, бидејќи таа не одговарала на повиците од медицинскиот персонал.
“Медицинскиот персонал се обидуваше да ја контактира мајката со денови, но не можевме да ја досбиеме. Потоа повикавме полиција и рековме дека можеби имаме случај на напуштено бебе”, изјави докторката Марилу Фунари, како што пренесува „The Sun”.
Според весникот Ла Република, жената прво се преправала дека е тетка на четиримесечното бебе, пред да исчезне на 12-ти октомври. Весникот пишува дека два дена подоцна, во болницата се појавило уште едно женско лице, кое исто така тврдело дека е тетка на детето. Сепак, на вработените им станало сомнително и контактирале со полицијата, по што втората жена избегала.
За среќа, бебето оттогаш се опоравило од ковид-19, болест што досега уби повеќе од 36.000 луѓе во Италија.