#ФАЦИ
Мајката на Антонијо Милошоски има коронавирус
Мајката на Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ е позитивна на ковид-19. Таа објави на својот Фејсбук профил дека и покрај почитувањето на мерките за заштита, како медицинска сестра во болницата во Кичево, сепак завчера ги почувствувала симптоми на покачена температура.
„Должност ми е да Ве известам, дека како медицинска сестра вработена во болницата во Кичево, и покрај почитувањето на сите мерки на претпазливост пропишани од нашата медицинска установа, за жал завчера ги почувствував првите симптоми на покачена температура и направив тестирање во текот на вчерашниот ден. За жал, денешните резултати покажаа дека сум позитивна на вирусот Ковид19.
На надлежните епидемиолози им ги посочив сите лица со кои сум имала контакт, меѓу кои мојот сопруг, кој треба да се тестира утре и мојот син Антонијо Милошоски, со кого имав краток контакт на 22.јуни во нашиот дом во Кичево.
На сите колеги медицинари и на сите граѓани кои се позитивни на овој вирус им посакувам што поуспешно да се избориме со оваа пандемија, а пред се со почитување на заштитните мерки и навремено тестирање“, стои во објавата на Фејсбук.