#ФАЦИ

Мајката на Џиџи ја потврди бременоста, а го открија и полот

Објавено на

Мајката на Џиџи, Јоланда Фостер, изјави дека нејзината ќерка очекува дете со Зејн Малик.

„Секако дека сме возбудени. Возбудена сум што ќе станам баба во септември“, изјавила Јоланда.

Интересно е што откако се раширија гласините за бременоста на Џиџи, фановите веднаш почнаа да бараат „знаци“ на нејзините објави од роденденската забава.

Сестрата на Џиџи, Бела, помогнала во „разоткривањето“ – таа сподели „Instagram Story“ на кое се гледаат подароци во кеса за мало дете. Бела објави уште едно Story, на кое ја покрила кесата со подарок, а на која всушност пишува „Добредојде малечко“.

Последното нешто што ги убедило фановите е описот на објавата на Џиџи, каде што моделот напиша дека никогаш нема да го заборави 25-тиот роденден.

Во меѓувреме, TMZ, сајтот што меѓу првите ги објави вестите, сподели дека парот очекува девојче.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version