#ФОКУС

Мајмуни одзеле примероци на крв од заразени со коронавирус

Објавено на

Лабораториски техничар во северна Индија, во државата Утар Прадеш, кој бил вработен во болничкото одделение за „ковид-19“, носел примероци од крв земени од луѓе со коронавирус, а група мајмуни му ги украле.

Сè било потврдено за Си-Ен-Ен од страна на Џaj Балијан, медицински супервизор во болницата Лала Лајпат Раи.

Мајмуните го нападнале лабораторискиот техничар и ја украле неговата кутија со три примероци, изјави Балијан.

С.К.Гарег, директор на болницата, за локалните медиуми изјави дека станува збор за примероци од крв, а не брисеви кои обично се земаат за тестирање на коронавирус.

Тој вели дека тоа е крвта на луѓето кои биле позитивни за коронавирус за да се спроведат дополнителни тестирања.

Мајмуните потоа се искачиле на дрвјата, џвакале од пакувањата со примероци од крв и ги фрлиле на земја.

Медицинскиот супервизор потврди за Си-Ен-Ен дека никој не стапил во контакт со примероците и дека вработените во болницата ја дезинфицирале целата област каде се случил инцидентот и дека примероците фрлени од мајмуните биле правилно отстранети.

Администрацијата нареди истрага за наводното лошо постапување со примероците.

Индиски официјален претставник изјави за АФП дека примероците не биле оштетени.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version