Медиасет.мк

#ФАЦИ

Македонски пејач позитивен на коронавирус

Фолк пејачот Спасен Силјаноски од Кичево е позитивен на Ковид-19, a веста ја потврди на социјалните мрежи. Тој додаде дека е без симптоми и во добра здравствена состојба.

„Поради морална и етичка одговорност чувстувам должност да ви ја соопштам оваа вест. По контакт со инфицирано лице со ковид-19 одлучив да направам и јас тест за истиот кој на жалост денес испадна позитивен, што значи дека во моментов сум позитивен на ковид-19. За моја среќа немам никакви симптоми и потешкотии како последица на истиот, но како шт што е процедурата во интерес на општо добро же се придржувам кон самоизолација се до добивањето на два последователни негативни тестови. Не е грев да се добие ковид-19 бидејќи не знаеме кој го носи, но грев е да се прикрие доколку се има, и да се заразат своите блиски роднини пријатели итн. Затоа од моја морална и етичка одговорност ви го соопштувам ова. Ви посакувам здравје на сите, внимавајте на вашите контакти и со господ напред се гледаме за 14 дена“, стои во објавата на Фејсбук,

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: