Маријана Новачевска,дел од дуото Маријана и Росана, за Велигден стана баба. Таа од синот Филип и снаата Анастасија денес доби внука, на која и дадоа име Ева
„Денес на Велигден, Господ ги послуша моите молитви и како подарок ми донесе мало ‘срцуленце’, моја внука, бабино сонце“, напиша Маријана на „Фејсбук“.
Раѓањето на внуката го прослави и нејзината сестрата Росана.
„На овој убав ден, на Велигден, пак, станав баба. Многу сме среќни. Добро ни дојде на свет, наше сонце најмило. Јас баба по втор пат, а мојата Маријана за прв пат“, напиша Росана