Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

Редена мимоза салата, вистински деликатес на свечената трпеза

Оваа салата не одзема многу време и се прави од состојки кои не се многу скапи, а е превкусна.

Потребни состојки:

– 6 компири средна големина
– 6 јајца
– 350гр салама
– 350гр сирење погодно за рендање
– 400мл кисела павлака
– 300мл мајонез
– сол и бибер по вкус

Начин на подготовка

Сварете ги компирот и јајцата и оставете ги убаво да се изладат, за полесно да се рендаат.

Со миксер помешајте ги мајонезот и павлаката со додаток на сол и бибер.

Почнете да ја сложувате салатата во стаклен сад со помош на ренде. На дното изрендајте 3 компири, ставете сол и бибер и премачкајте со филот од мајонез и павлака. Продолжете со рендање на половина количина салама, па 3 варени јаца и 1/2 од сирењето. Потоа, пак премачкајте од филот.

Повторете ја постапката со сите состојки.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: