Медиасет
Мавровското Езеро порибено со над два тона крап во пресрет на Светското првенство
Во пресрет на Светското првенство во спортски риболов на крап, кое годинава ќе се одржи на Мавровското Езеро, Јавната установа Национален парк Маврово, во соработка со Македонската риболовна федерација, реализираше ново порибување на езерото со 2.092 килограми крап.Од Националниот парк информираат дека активноста е дел од подготовките за успешно организирање на светскиот шампионат, но истовремено има и долгорочно значење за заштитата и унапредувањето на рибниот фонд, зачувувањето на биолошката р