Вчера во 16:50 часот во паркот „Жена борец“ во Скопје, минувачите забележале лице кое лежело на земја. Во 16:51 часот луѓето повикале Брза помош, но наместо итна интервенција од операторот добиле низа прашања: дали лицето е во алкохолизирана состоја, дали може некој да провери дали мириса на алкохол, дознава ТВ21.
Поради пандемијата, никој не можел да провери и да му се доближи на паднатиот човек.
Лицето лежело легнато на земја, со крв по лицето, на само 5 минути од Градската болница.