Медиасет.мк

Медиасет

Медведев: Ѓоковиќ и Алкараз се главни фаворити во Париз

Рускиот тенисер Данил Медведев не помина добро на Мастерсот во Рим.

Во третото коло беше поразен од Томи Поло во два сета, додека во претходниот меч имаше доста проблеми со српскиот тенисер Хамад Меѓедовиќ, кого го доби само по три сета.

По поразот во италијанската престолнина, Медведев на прес-конференцијата се осврна и на претстојниот Ролан Гарос, каде истакна дека и покрај слабата форма, Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ се први фаворити за освојување на титулата.

“Доколку играат во Париз, Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз се главни фаворити. Секако, некои други тенисери имаат добри шанси. Да почнеме со рејтингот. И Јаник Синер ќе има шанса да победи ако игра. Стефанос Циципас победи во Монте Карло, ако го направи тоа и во Рим, ќе биде еден од фаворитите за мене, Новак и Карлос се најблиски, знаат да играат на оваа подлога, но мислам дека турнирот е поотворен од било кога. Тоа е добро за мене, бидејќи не играм толку добро, па колку поотворено е натпреварувањето, толку подобро за мене“, изјави Данил.

Вториот Грен слем во сезоната е закажан од 26 мај до 9 јуни.

Трендинг

На почеток
error: