Медиасет.мк

Медиасет

Инцидент на аеродромот во Флорида: Авионот на Трамп удри во паркиран авион

Крилото на авионот во сопственост на поранешниот американски претседател Доналд Трамп удрил во паркиран авион на аеродромот во Флорида откако безбедно слетал и таксилизирал рано наутро во неделата, соопшти американската Федерална управа за авијација (ФАА).

Не е познато дали Трамп, кој во саботата одржа предизборен митинг во Вилдвуд, Њу Џерси, бил во својот Боинг 757 кога се случил инцидентот.

Крилото на авионот на Трамп удрило во задниот дел на паркиран авион Виста во Вест Палм Бич, Флорида.

Во судирот нема повредени, јавува CNBC.

Трендинг

На почеток
error: