Медиасет.мк

#ФАЦИ

Миа Костова до д-р Лазаров: За медицината горе доле исто знаеме

Поранешната водителка Миа Костова преку својот фејсбук профил го искритикува д-р Лазаров, велејки дека беспотребно крева паника и покрај тоа што не му е колешка, за медицината знае исто колку и тој. “Господин доктор, матичен, кој пробува да не убеди дека нобелова награда во достигнувања за ковид-19 ќе лапне кај и да е. Поздравете го, да не ја отворам устата за психичката состојба на истиот кој глуми морал па и покрај прележан ковид тврдам дека крева паника која е тотално непотребна во моменти кога и онака народот е полуден на таа тема. Докторче, еготрип, самобендисан и самопрогласен како врвен во струката а подалеку од диши диши нема видено. Најголемо достигнување во кризава му беа визирите. Ќе го замолам да не си претпоставува од кај сум се заразила за да не лапа пријава и од мене иако не сум му колешка ама за медицина горе доле исто знаеме. Срам за фелата”, напиша Миа.

Трендинг

На почеток
error: