Холивудската глумица и дизајнерка, Мери-Кејт Олсен, по пет години брак се разведува од Оливие Саркози, полубратот на поранешниот француски претседател Николас Саркози. Taa има железен предбрачен договор кој ѝ гарантира дека нејзините деловни интереси и богатството ѝ се заштитени во случај на развод од Оливие Саркози, тврдат таблоидите.
„Нејзините деловни интереси и богатството ѝ се заштитени“, рече инсајдерот.
Според ТМЗ, Олсен веќе побарала да се спроведе договорот.
„Форбс“ ги рангира Мери-Кејт и нејзината сестра близначка Ешли меѓу 11-те најбогати жени во светот на забавата во 2007 година, со проценета комбинирана нето-вредност од 100 милиони долари.
А од 2019 година познатите близначки сега вредат по 250 милиони долари секоја.
ТВ-актерката, која стана моден дизајнер, во април се обидела да поднесе барање за развод од францускиот банкар, но судот рекол дека процесот ќе почека поради пандемијата на коронавирусот, објави ТМЗ во средата.
Сега Олсен инсистира да се забрза формалниот развод бидејќи двајцата веќе живеат одвоено, а исто така да биде почитуван и нејзиниот предбрачен договор. Таа бара од судот без одлагање да ѝ дозволи да се разведе.
Мери-Кејт е во брак со Оливие, полубрат на поранешниот француски претседател Николас Саркози, од 2015 година.