#ТРЕНД
Милан Поповиќ пак ја тужи Северина, не плаќала алиментација за синот
Северина Којиќ со месеци не плаќа алиментација за синот Александар, па поранешниот партер Милан Поповиќ одлучил да ја тужи.
Северина кон крајот на претходната година го изгуби старателството над Александар. Тогаш доби пресуда дека секој месец мора да плаќа алиментација. Но, од март таа не плаќала ништо, па Милан реши да ја тужи.
„Северина и Милан се тужат за секаква глупост. Тој со години плаќаше месечна алиментација од 2 000 евра, па се нервира кога таа вели дека нема 160 евра да прати. Не му е за парите, за принципот е“ тврди изворот. Хрватската пејачка преку адвокат порачала дека алиментацијата доцни поради короната. Како и дека своите обврски ќе ги изврши кога ќе биде во можност.