#ФОКУС
Министерството за здравство го присвои домејнот на лажната страница ваксајнс.мк, познат е и креаторот на истата
По реакциите на граѓаните дека има две платформи за пријавување за вакцинација vakcinacija.mk и vaksajns.mk, и дека не знаат на која да се пријават, од Министерството за здравство за Плусинфо велат дека валидна е само веб страницата vakcinacija.mk. Од ресорното министерство негираат дека е извршен упад на нивната веб страница, туку дека паралелно на нивниот сајт за вакцинација е креиран лажен сајт именуван vaksajns.mk.
Инаку креаторот на страницата vaksajns.mk, која води до официјалната страница, vakcinacija.mk, Адил Бакиу, објави статус на својот Ферјсбук профил, дека е повикан во Полициската станица-Карпош
-Краток апдејт: во 13:30 сум поканет во ПС Карпош на разговор околу доменот vaksajns.mk. Единицата за компјутерски криминал мене брзо ми влезе во трага и брзо ме поканија за обично пренасочување кон сајтот на МЗ, за разлика од предметот за девојчињата од Струмица чии инкриминирачки материјали биле споделувани насекаде и не успеваше да ги најде сторителите 2 години, наведува Бакиу во неговата објава.
фото: ФБ