Connect with us

#ТРЕНД

Мистериозна интернет-страна најавува враќање на „АББА“

Шведската поп-група „АББА“ можеби подготвува изненадување за обожавателите, бидејќи Твитер-корисник под името „ABBAVoyage“ и интернет-страна со истото име се појавија на мрежата вчера.

„Придружете ни се“, гласи твитер-објавата што ги повикува обожавателите да бидат „први што ќе слушнат“ повеќе за „АББА Војаж“. Агенцијата за односи со јавноста ЗАП-ПР ја потврди автентичноста на интернет-страницата, јави ДПА.

Гласините говорат дека изненадувањето може да биде нова песна, нов албум, или пак, дури и нова турнеја.

Составот сочинет од Агнета Фалцког, Ани-Фрид Лингштад, Бјорн Улвеус и Бени Андерсон снимаа нови материјали во 2018 година, кои сѐ уште не се објавени. На почетокот на оваа 2021 година, Улвеус рече дека песните ќе бидат објавени годинава.

#ТРЕНД

Хималајските габи кријат делотворен лек за рак

Молекула пронајдена во хималајската габа може да претставува огромен чекор напред во лекувањето на рак. Станува збор за нов вид хемотерапија, заснована на оваа „магичната хемикалија“ во развој.

Лекот, наречен „НУК-7738“, е развиен во Универзитетот Оксфорд, во соработка со британската фармацевтска компанија „Нукана“ и е важен бидејќи има способност да ги уништи клетките на ракот 40 пати поделотворно од претходните познати средства. Во споредба со постојните видови хемотерапија, овој лек му предизвикува и помала штета на телото.

„НУК-7738“ е во рана фаза на развојот, така што во мигов сѐ уште не е достапен како лек.

Активната состојка на лекот, наречена кордицепин е одговорна за делотворното својство на антиканцерогените, антиоксидантните и противвоспалителните дејства. Клиничките испитувања започнаа 2019 година, и досега ветуваат многу.

Continue Reading

#ТРЕНД

Лондонскиот новогодишен огномет откажан вторпат по ред

Познатиот лондонски новогодишен огномет е откажан вторпат по ред, а причината е „небезбедноста предизвикана од коронавирусот“, како што јави Би-Би-Си. Англија неколкупати беше под строг карантин, но и покрај укинувањето на сите ограничувања, традиционалниот лондонски огномет, сепак, нема да се случи ни оваа година.

И покрај откажувањето на огнометот, Градскиот совет вети дека дочекот на Новата година ќе биде „спектакуларен“. Прославата ќе се одржи на плоштадот Трафалгар, но други подробности засега не се соопштуваат.

Претходните години огнометот го гледаа околу 100.000 луѓе на улиците во Лондон. Последниот огномет се случи на дочекот на 2020 година.

Continue Reading

#ТРЕНД

500 родители против една наставничка: Причината е бизарна

Шерон Барнс, директорка и наставничка во канадското средно училиште е под притисок од родителите на учениците кои откриле на Фејсбук дека го слуша бендот Ајрон Мејден, поради што тие бараат таа да добие отказ, пишува Индипендент.

Незадоволните родители побараа смена на директорката бидејќи, според нив, таа отворено изразува симпатии кон сатанските симболи и окултните практики.

“Отвореното прикажување на сатанистички симболи е во директна спротивност на принципите на огромното мнозинство семејства што го претставуваат училиштето. И затоа бараме Шерон Барнс да биде сменета и на нејзино место да дојде друг директор, кој ќе ги претставува семејните вредности во училиштето “, стои во петицијата потпишана од 553 лица.

Меѓутоа, неколкумина ученици одлучија да застанат на страната на наставничката. Нинвата петиција досега ја потпишаа повеќе од 22.000 луѓе. Наведоа дека не одобруваат осуда на директорката поради нејзините објави на социјалните мрежи но и дека надлежните не смеат да го занемарат фактот дека Шерон Бернс врши одлична работа во училиштето.

Continue Reading
Advertisement

Инста

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: