Медиасет.мк

#ОХРИД

ВИДЕО: Ќе се уредувааат охридските плажи, се бара идејно решение


Општина Охрид објави Јавен Повик за прибирање на идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро со што презема важна улога во уредувањето, но и во управувањето со крајбрежјето, согласно еко стандардите, Планот за управување со светско природно и културно наследство и според препораките на УНЕСКО. Основната цел е плажите да бидат јавни и слободни за користење, во функција на туризмот и да бидат уредени по желба на граѓаните.

„Бараме широка поддршка од граѓаните од стручната јавност со цел заедно да креираме и да избереме најдобро идејно решение за изгледот на охридските плажи. Покажавме подготвеност за решавање на децениски проблеми и носиме долгорочни планови за подобрување на туристичката понуда во Охрид, истовремено водејќи сметка за сите мерки и препораки за заштита на светското наследство. Идејните решенија треба да креираат нова слика на крајбрежјето на Охридското Езеро, која е достојна за еден туристички центар. Продолжуваме посветени во исполнување на оваа значајна и заедничка цел“, рече Константин Георгиески, градоначалник на Општина Охрид.

Трендинг

На почеток
error: